Мбапе со неговата објава доби голема почит кај навивачите на Барселона

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе постигна четири гола во двомечот против Барселона во осминафиналето на Лигата на шампиони.

Одличниот напаѓач постигна четири гола против Каталонците и така го однесе ПСЖ во четвртфинале на натпреварување.

Мбапе така го остави Лионел Меси без трофеј во елитното натпреварување, а по мечот на социјалните мрежи Французинот покажа почит кон аргентинската ѕвезда.