Мбапе со ПСЖ има договор кој не им се допаѓа на луѓето во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сагата околу иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ наскоро би можела да биде решена. Голем дел од фудбалската јавност во Европа е сигурна дека Французинот ќе се пресели во Реал Мадрид.

Меѓутоа, од Франција пристигна вест која нема да им се допадне на луѓето во Мадрид. Мбапе има договор со ПСЖ според кој ќе го продолжи договорот, но само со одредени гаранции.

Мбапе побарал од парижаните до август да го претстават проектот за следната сезона, а младиот напаѓач исто така сака соиграчи достојни за конечен напад на трофејот во Лига на шампиони.

Во таков случај, тој ќе го продолжи договорот на уште две сезони, а тоа значи дека „кралевите“ ќе останат без големо засилување.

Според најновите шпекулации, ПСЖ е подготвен да направи ремонт на екипата и да ангажира звучни имиња во следните неколку месеци.

ПСЖ го купи младиот напаѓач во 2018 година за 145 милиони евра, а од тогаш тој заигра на 170 меча и притоа постигна 131 гол и 61 асистенција.