Мбапе веќе потпишал договор со Реал Мадрид – познати се деталите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе на крајот на сезоната заминува од ПСЖ, а негов следен тим во кариерата треба да му биде Реал Мадрид, чиј дрес ќе го носи од 1 јули.

Шпанска „Марка“ објави дека веќе е постигнат и потпишан договорот меѓу двете страни, а Мбапе се решил да стави потпис на петгодишна соработка со Реал Мадрид.

Мбапе имаше право да преговара со заинтересираните страни од 1 јануари бидејќи неговиот договор му завршува во јуни.

„Марка“ објави дека Мбапе ќе добие плата од „само“ 20 милиони евра, а тоа е речиси четири пати помалку од ПСЖ, каде што заработуваше по 72 милиони евра. Сепак, Французинот ќе добие голем дел од сумата за маркетиншки права.