Мбапе во Камерун го чуваат специјалци (Видео)


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе веќе неколку недели е главна тема во медиумите поради желбата да го напушти ПСЖ.

Мбапе не сака да потпише нов договор, а поради тоа му се лути парижаните, но очигледно тој не е премногу загрижен и си замина во посета на Камерун.

Напаѓачот го посетил родното место на неговиот татко во Камерун, а при посетата привлекол големо внимание, па властите морале да ангажираат специјалци и војска за да го чува.

Мбапе го возеа во блиндирано комбе, а во негово присуство било и оклопно возило.