Мбапе во Реал Мадрид ќе добие услови какви што нема никој друг!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе вчера потврди дека ќе замине од ПСЖ на крајот на сезоната, откако помина седум сезони во Париз, но никогаш не ја освои Лигата на шампиони (ЛШ).

Следна станица во кариерата на Мбапе треба да биде Реал Мадрид, кој му подготвил договор каков што нема никој друг во тимот.

Францускиот новинар Фабрис Хокинс објави дека Мбапе ќе стане најплатен фудбалер во клубот и ќе добива 25 милиони евра по сезона, а исто така ќе му биде исплатен и бонус за потпис.

Претходно се шпекулираше дека Мбапе ќе добие околу 100 милиони евра ако потпише договор како слободен играч со „кралевите“.