„Мбапе во Реал Мадрид? Ќе се борам со сите сили против тоа!“


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе ќе биде една од главните ѕвезди во преодниот рок, а тој е желба на европските гиганти, додека најголеми шанси за неговиот потпис му се даваат на Реал Мадрид.

Тренерот на парижаните, Маурицио Покетино кажа дека ќе се обиде да го задржи францускиот напаѓач во својата екипа.

„Мбапе во Мадрид? Ќе се борам со сите сили да го задржам Килијан тука во ПСЖ. Јас сум оптимист за тоа дека Мбапе ќе остане, исто како и Нејмар“, вели Покетино.

Зинедин Зидан и претходно порача дека негова голема желба е да го купи Мбапе, кој сезонава постигна 33 голови и 10 асистенции, па без сомнеж ќе биде огромно засилување за „кралевите“, ако реши да потпише за нив.