Мбапе за потписот со Реал Мадрид ќе добие бонус од кој боли глава!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе замине од ПСЖ, а од следната сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид.

Мбапе добил понуда од „кралевите“, која била прифатена, но набрзо треба да биде ставен и потпис на договорот.

Реал Мадрид ќе треба да му исплати голема сума на пари на Мбапе поради неговиот потег како слободен агент да се пресели во шпанскиот гигант.

Шпанската радио станица „Копе“ објави дека Мбапе ќе добие бонус од 150 милиони евра во период од пет години колку што ќе му трае соработката со Реал Мадрид.

Одлична вест за Мбапе е тоа што ќе добие и голем процент од маркетиншките права.