Меч кој предизвика нови критики за клупското СП – Челси имаше победа до 87. минута, а потоа… (Видео)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Фудбалерите на Челси се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство.

„Сините” во осминафиналниот меч во Шарлот го победија Бенфика со 4:1 после продолженија.

Овој натпревар, сепак, најмногу ќе се памети по прекинот во 87. минута поради невреме околу Шарлот, иако во градот дожд не падна. Челси водеше со 1:0 и веќе се гледаше во следната фаза, играта продолжи дури по два часа, Бенфика сосема изненадувачки изедначи, се отиде во продолженија, а таму лондонскиот клуб „се ресетираше“ и ја наполни до врв мрежата на противникот.

Има многу материјал тука за бројни критичари на овој на некој начин и присилно наметнат турнир од страна на ФИФА.

Челси ќе се бори за место во полуфиналето против Палмеирас, кој претходно вечерва го победи Ботафого со 1:0.

.