Меч по 800 дена и веднаш повреда: Реал Мадрид остана без една од своите ѕвезди


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Хамес Родригез доживеа повреда на мускулот во мечот со Ваљадолид во неделата поради што ќе мора да паузира неколку недели.

Колумбиецот кој летово се врати во Мадрид од позајмица во Баерн Минхен и по точно 800 дена одигра меч за „кралевите“, сигурно ќе паузира против Виљареал на први септември.

Повредата на Хамес е вкупно деветта за екипата на Зинедин Зидан од стартот на подготвителниот меч, а од најзначајните се издвојуваат отсуствата на Еден Азар и Марко Асенсио.

„Кралевите“ по две кола во шпанската Ла Лига имаат четири бода.