Меч за инфаркт во Мадрид: Реал загуби од Челси, но обезбеди полуфинале во ЛШ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Епски реванш беше одигран меѓу Реал Мадрид и Челси, а на крајот домаќинот загуби со 2-3, но сепак поради подобар вкупен резултат (5-4) се пласираше во полуфинале.

Гостите тргнаа многу добро и постигнаа гол во 15. минута преку Маунт, по што Рудигер со глава зголеми на 2-0 и ги врати „сините“ во игра.

Во продолжение следеа уште многу возбудувања, а потоа судијата му поништи гол на Алонсо, кој играше со рака.

Во 75. минута Вернер погоди за 3-0, по што Челси дојде до водство, но Родриго со погодок во 80. минута им обезбеди продолженија на „кралевите“.

Во продолженијата Карим Бензема погоди во 96. минута и ги постави конечните 2-3 (5-4).

Во вториот меч Виљареал одигра 1-1 против Баерн Минхен на гости и така обезбеди место во следното коло за својот тим (2-1 вкупен резултат).