Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Третиот дуел меѓу Тајсон Фјури и Деонтај Вајлдер повторно ќе биде одложен. По две фантастични борби во 2018 и 2019 година, третата пресметка требаше да се одржи во јули годинава. Сепак, се појавија информации дека дуелот е откажан поради ТВ-правата, а на крај се шпекулираше дека Вајлдер бил повреден и не може да тренира.
Промотерот на борбата, Боб Арум откри дека борбата ќе се одржи на крајот на годината. Според медиумите битката ќе биде закажана за ноември или декември годинава, ако тоа го дозволуваат условите поради пандемијата на коронавирусот.
Фјури на 22 февруари во Лас Вегас во спектакуларен меч го нокаутираше Вајлдер во седмата рунда и му го зема појасот во тешка категорија.
Нивниот прв дуел од декември 2018 година е завршен со контроверзна одлука и борбата немаше победник.