Мечот меѓу Германија и Исланд, сепак, ќе се игра!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Средбата од првото квалификациско коло на Светското првенство меѓу Германија и Исланд дефинитивно ќе се одигра.

Пред натпреварот се појавија шпекулации дека средбата мора да се одложи затоа што германскиот фудбалер Јонас Хоман е позитивен на ковид-19.

Поради тоа сите тренинзи на репрезентацијата запреа, играчите завршија во изолација, но на крајот ни пристигнаа убави вести.

Германскиот фудбалски сојуз потврди дека натпреварот ќе биде одигран и активностите на репрезентативците на Германија ќе продолжат според нивниот план.