Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италија доби можност да ја пречека Македонија во баражот за Светското првенство (СП) пред полни трибини.
Италијанците побараа да се зголеми капацитетот од 75 отсто на 100 отсто, а Властите направија исклучок за овој меч и го прифатија предлогот.
„Според актуелната ситуација ништо не не спречува од епидемиолошки аспект да играме пред полн стадион. Натпреварот Италија – Македонија е од голема важност затоа стадионот ќе се отвори за сто отсто од капацитетот“, кажа Сперанца.
За мечот меѓу Италија и Македонија веќе се продадоа околу 26.000 влезници, кои беа пуштени во продажба, а сега ќе има и дополнителни 10.000 влезници.