„Мечот меѓу Македонија и Бугарија треба да нè зближи, а не да создаде политички тензии“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Левски, Георги Иванов кажа дека мечот меѓу Бугарија и Македонија не треба да предизвика политички проблем, туку спортот треба да ги зближи народите.

Иванов е технички директор на бугарскиот фудбалски сојуз, па вели дека фудбалот е игра која зближува, а не која предизвикува тензии.

„Дуелот со Македонија има голем влог. Сакаме да одиме напред и да победиме. Но, тоа е меч кој не смее да предизвика политички проблеми и тензии затоа што спортот треба да зближува, а не да создава тензии“, кажа Иванов.

Мечот меѓу Бугарија и Македонија се игра на стартот на Лигата на нации, а Иванов посака победа за неговата репрезентација.