Меџик Џонсон донесе одлука: Крај на ерата во Лејкерси…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Големи беа очекувањата на навивачите на Лејкерси пред почетокот на тековната сезона, а се испостави дека ниту пристигнувањето на првата ѕвезда на НБА лигата не им помогна.

Откако екипата остана без пласман во плеј-офот одговорноста ја презеде легендарниот Меџик Џонсон кој соопшти дека се повлекува од функцијата претседател за кошаркарски прашања.

Џонсон одлуката ја соопшти пред синоќешниот меч со Портланд.

„Сакам повторно да уживам. Сакам да бидам она што сум пред да ја прифатам оваа работа. Со Леброн Џејмс сме на пола пат. Кога на лето во тимот дојде уште една голема ѕвезда, кој и да биде тоа, клубот ќе биде во позиција да се бори за титулата“, истакна Меџик Џонсон.

Петкратниот освојувач на НБА прстенот ги бранеше броите на Лејкерс од 1979. до 1991. година, а потоа кратко се врати на теренот во 1996. година и повторно го облече дресот на Лејкерс.

Лејкерси сезоната ја завршија со 37 победи и 45 порази, а за пласман во плеј-офот им беа потребни десеттина триумфи повеќе.