Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рафаел Надал победи во финалето на Ју-Ес Опен против Данил Медведев со 3-2 во сетови, односно 7-5, 6-3, 5-7, 4-6 и 6-4 и така го освои 19. гренслем-трофеј во кариерата.
За Медведев ова беше прво гренслем-финале и изгледаше дека набрзо ќе загуби, откако губеше со 0-2 во сетови и имаше брејк негатива во третиот.
„Искрено, веќе помислив дека е готово. Размислував што ќе кажам во говорот за 20 минути. Размислував за тоа дека ќе го загубам првото финале со 0-3. Но, потоа си реков, ќе се борам за секое топче и ќе видиме каде ќе ме однесе тоа. Тоа што го направи Надал за тенисот е неверојатно. Луѓе, во текот на турнирот зборував лоши работи за вас, а сега морам да кажам нешто добро. Оваа борба беше поради вас. Ме натеравте да дадам максимум, ви благодарам“, порача Медведев.