Медведев го остави тенисот, облече униформа и тргна во битка против Русија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сергеј Стаховски е еден од најпознатите украински спортисти кој ѝ се приклучи на војската во Украина во битката против Русија.

Србинот Новак Ѓоковиќ му понуди парична помош доколку му е потребна, а тоа го воодушеви Украинецот, кој сега доби друштво од уште една тениска легенда.

На украинската армија ѝ се приклучил и Андреј Медведев, легендарен тенисер, кој во минатото беше четврти тенисер во светот, а најголем успех му е финале на Ролан Гарос во 1999 година.

„Легендата на светскиот тенис Андреј Медведев остана во Киев и подготвен е да го пречека непријателот. Неверојатно ми е мило што го гледам капитенот на украинската тениска репрезентација. Украински патриот“, напиша Стаховски.