Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рускиот тенисер Данил Медведев се најде во центар на бизарен инцидент на Ју-Ес опен откако беснееше на судијата, зашто тој не му дозволи да побара челинџ во текот на полуфиналниот меч против Доминик Тим.
Медведев на средината на вториот сет бараше челинџ на свој сервис, но не го доби, со објаснување дека доцна го побарал.
„Барав челинџ на време“, одговори Медведев, по што премина на другата страна на мрежата за да покаже каде удрило топчето.
Со оглед на тоа што преминување на мрежата не е по правилата, Медведев доби предупредување од страна на судијата, по што Русинот збесна.
„Дали Ју-Ес опен е шега? Ова е шега, зарем не? Што направив?“, праша Медведев.
Daniil Medvedev at the US Open: a saga pic.twitter.com/gGB9Z3GB02
— angie (@ultravoxing) September 12, 2020