Медведев мора да се откаже од Путин ако сака да заигра на Вимблдон


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев се наоѓа во тешка позиција и можеби нема да настапи на Вимблдон, поради руската инвазија во Украина.

Новинарот Крис Смит објави дека Медведев мора јавно да се откаже од рускиот претседател Владимир Путин, ако сака да заигра на Вимблдон.

Министерот за спорт Најџел Хадлстон кажа дека разговарал со турнирот за условите според кои руските тенисери би можеле да настапат на Вимблдон.

Медведев сезонава тргна многу добро, иако не успеа да го освои Австралијан опен и загуби во финалето од Рафаел Надал, но сепак потоа го презема првото место на АТП-листата.