Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ го стекна статусот на најдобар тенисер на сите времиња, но како што годинава ќе наполни 38 години, сè погласни се предвидувањата дека Српскиот тенисер може да ја заврши својата играчка кариера.
Тој често зборуваше за своите планови во иднината, а Данил Медведев им откри на руските новинари во Шпанија интересна вест дека Новак по завршувањето на кариерата би можел да работи со Александар Зверев како негов тренер.
„Чув во Австралија дека Саша Зверев рекол дека Новак му ветил дека ќе работи со него една година кога ќе ја заврши кариерата. Не верувам дека Новак веднаш ќе стане тренер, пореално е дека ќе дава совети и ќе го споделува своето искуство со пријателите кои му се најблиски на Турнејата. Затоа, ако постои таква можност, и јас би бил среќен да бидам во таква ситуација. Секако, тоа нема да се случи додека Ѓоковиќ игра, бидејќи тоа би го ставило во погрешна положба. Би било непријатно за него, но тој сигурно не би ги споделил своите тајни. Затоа тоа ќе се случи кога ќе ја заврши кариерата“, смета рускиот тенисер.
Фото: Принтскрин