Медведев по финалето на Ѓоковиќ му кажа нешто што никој досега не направил!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Данил Медведев е нов шампион на Ју-Ес опен по триумфот против Новак Ѓоковиќ со 6-4, 6-4 и 6-4, а така го освои својот прв гренслем-трофеј.

Во текот на церемонијата, Медведев почуствува дека треба да му оддаде признание на Ѓоковиќ, какво што никогаш досега не добил од никого.

„Првпат сум нервозен пред својот говор. Извинете навивачи на Ѓоковиќ, сите знаеме што бркаше тој вечерва. Никогаш ова не сум го кажал, но тоа ќе го направам сега. Новак, ти си за мене најдобар тенисер во историјата. Сакам да се заблагодарам на семејството, тимот и пријателите. Не беше лесно да се освои титулата, но ви благодарам што ми помогнавте да ја остварам целта“, вели Медведев.