Медведев по поразот од Алкараз: Тенисот е с*ање!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Рускиот тенисер Данил Медведев загуби од Карлос Алкараз со 0-2 во сетови во финалето на мастерсот во Индијан Велс.

Медведев привлече големо внимание во завршницата на вториот сет, кога реагираше поради „застарената технологија“.

„Зошто тенисот е с*ање? Според мене, некои работи се застарени. Сега нема линиски судии. Всушност, во ред, топката е добра, имаме систем во живо. Само сакав да ми го покажат тагот“, кажа Медведев.