Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вториот тенисер во светот, Русинот Данил Медведев, се повлече од турнирот од АТП серијата 500 во Ротердам, каде што треба да настапи српскиот играч Новак Ѓоковиќ.
Медведев најави дека ќе настапи во Холандија, меѓутоа реши да се повлече по поразот на Австралијан опен од Рафаел Надал и така ќе му направи „услуга“ на Србинот.
Разликата меѓу Медведев и Ѓоковиќ е 90 поени, а со оглед на тоа дека Русинот бранеше само 10 бодови во Ротердам, тоа значи дека Србинот ќе ја зголеми предноста по турнирот.
Тоа не значи премногу, затоа што Ѓоковиќ во Дубаи мора да освои повеќе бодови од Медведев во Акапулко, ако сака да остане на врвот на светскиот тенис.
Учеството во Ротердам, освен Медведев, го откажа и Јаник Синер поради позитивен тест на ковид-19, а нив двајца ќе ги заменат Жо-Вилфред Цонга и Енди Мареј, кои добија специјални покани.