Мегваер ги пакува куферите и се сели во ПСЖ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот дефанзивец Хари Мегваер го загуби местото во првиот тим по доаѓањето на тренерот Ерик Тен Хаг, кој повеќе им верува на Лисандро Мартинез и Рафаел Варан.

Мегваер оваа сезона речиси постојано седи на клупата за резервни фудбалери, а сега се шпекулира дека би можел да го напушти премиерлигашот на лето.

Англиските медиуми пишуваат дека за услугите на Мегваер е заинтересиран францускиот шампион ПСЖ.

ПСЖ наскоро ќе почне преговори со „црвените ѓаволи“ за трансфер на Мегваер, а се очекува за неговите услуги да платат околу 55 милиони евра.