Мегваер по два дена зад решетки пуштен од притвор, тврди дека не е виновен


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер изјави дека не е виновен за инцидентот кој се случи во четвртокот на грчкиот остров Миконос.

Сослушувањето за случајот во кој играчот на „ѓаволите“ меѓу другото нападна и полицајци е закажано за вторник, а Мегваер ќе биде застапуван од неговиот адвокат затоа што тој ќе се врати во Англија

Неговиот адвокат во кратко интервју за „Скај“ само откри дека тој сега е слободен човек и нема да има големи последици по него.

Од Манчестер Јунајтед повторно лиферуваа кратко соопштение.

„Хари рече дека не е виновен по сите точки на обвинението. Би било несоодветно играчот и клубот да даваат коментари додека правниот процес е во тек“ –стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.