Мегваер се посрамотил уште пред да почне сезоната (Видео)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја почна сезоната со пораз од 1-2 од Брајтон, а капитенот на гигантот Хари Мегваер се посрамоти уште пред да почне сезоната.

Мегваер долго време прави необични работи на теренот, поради што често го исмејуваат навивачите на социјалните мрежи, а нова глупост направи пред дуелот со Брајтон.

Најскапиот дефанзивец во историјата застана на погрешната страна на тунелот пред да излезат на теренот, па голманот Дави Де Хеа мораше да реагира и да му објасни на која страна да стои стоперот.

Како една од причините поради грешката на Мегваер се споменува одлуката на тренерот Ерик Тен Хаг во последен момент да ја промени клупата.