Мегваер со капитенски потег: Побарал од сите играчи на Манчестер Јунајтед да донираат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Капитенот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, во целиот овој хаос предизвикан од коронавирусот самоиницијативно побарал од своите колеги од Манчестер Јунајтед да се помогне на властите во Англија.

Имено, Мегваер ги замолил своите соиграчи да донираат 30% од своите плати во хуманитарни цели. Парите би се искористиле за помош на медицинскиот персонал на Островот кој секојдневно се бори со коронавирусот.

Фудбалерите во Англија се уште немаат добиено барање од клубовите за намалување на нивните плати за да се избегнат финансиски загуби на клубовите.