Мегваер: Важен сум за Манчестер јунајтед!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера го елиминира Реал Сосиедад (5-1) и обезбеди место во четвртфиналето на Лига Европа, а на вчерашниот дуел стартер беше Хари Мегваер.

Англискиот фудбалер често добива критики од навивачите поради неговите лоши настапи, но тој смета дека сè уште е капитен на екипата.

„Јас сум важен за Манчестер јунајтед, имам важна улога на теренот, но и надвор од него. Се обидувам да го водам клубот до успех, без разлика дали ќе играм или не“, кажа Мегваер.

Ждрепката за четвртфиналето во Лига Европа ќе се одржи денеска од 13 часот.