Мејведер ја избркал згодната вереничка од домот за да се фокусира на следниот меч 📸


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Боксерската легенда Флојд Мејведер реши да ја избрка вереничката Ана Монро од својот луксузен дом за да може да се фокусира на неговиот следен меч.

Мејведер ѝ кажал на британската стриптизерка да го напушти домот во Лас Вегас, кој вреди 25 милиони долари, за да може на мир да се подготви за борбата против јутјуберот Логан Пол, која е закажана за 6 јуни.

„Флојд ја замоли Ана да замине зашто сака да се фокусира на следната борба. Нејзините пријатели мислат дека е чудно тоа зашто имотот е голем. Има 11 спални соби, две куќи за гостите и има доволно простор за да се подготви на мир, но сепак боксерот сакаше да биде сам“, откри извор близок до боксерот.