Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Конор МекГрегор (37) неодамна објави дека планира да се кандидира за претседател на Ирска, но со најновата објава на своите социјални профили потврди дека ја повлекол својата кандидатура. Најпопуларниот ММА борец на сите времиња веќе некое време флертува со влез во политичките води, и откако ги повика Ирците да го номинираат и да гласаат за него на изборите кои се одржуваат на 24-ти октомври, сега се откажа од истата одлука.
„Народе на Ирска, драги луѓе, неодамна ја објавив мојата искрена и сериозна намера да се кандидирам за претседател на Ирска. Голем сум љубител на нашата земја и горд сум на неа. На светската сцена го покажав борбениот ирски дух и докажав дека заслужуваме место меѓу најдобрите. Искрено сум почестен од поддршката и охрабрувањето кои ги добив посетувајќи го целиот остров, разговорите со „заборавените Ирци“ што се чувствуваат оставени и запоставени од страна на владејачката политика.
Минатата среда отпатував во Њујорк, град во кој живеат многу Ирци кои таму ги следеа своите соништа. Таму им оддадов почит на жртвите од терористичките напади на 11-ти септември и разговарав со американската администрација за своите планови за Ирска. Уште сум во Америка, каде учествувам на непланирани состаноци кои ќе резултираат со нови работи за Ирска.