Мекгрегор бесен: Не е готово, ќе се видиме и зад борбата, ми се јавува жена ти!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дастин Порие повторно славеше против Конор Мекгрегор во Лас Вегас на УФЦ 264 настанот, а мечот заврши на крајот на првата рунда во која Ирецот ја скрши ногата.

Порие тврди дека Мекгрегор не ја повредил ногата во завршницата, туку многу порано.

„Му блокирав еден удар со нога и тогаш нешто пукна, а не сега на крајот. Типот зборуваше дека ќе ме задави и слично. Не е тоа начин на кој се разговара со луѓе“, вели Порие.

По тоа се јави и Мекгрегор, кој повторно беше бесен и порача дека ништо не е готово.

„Ова не е готово! Ако треба, ќе се бориме и зад рингот. Ќе се видиме во клуб. Ми се јавува твојата жена на телефон“, викаше Мекгрегор и се обидуваше да го испровоцира ривалот.