Мекгрегор повторно ќе се пензионира? (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


УФЦ-борецот Конор Мекгрегор утринава објави на социјалните мрежи дека се пензионира, сепак многумина се сомневаат во неговата намера.

Неговата објава, според многумина, е неискрена затоа што веќе двапати направи нешто слично на Твитер, а тоа беше последен пат во јануари годинава.

„Еј луѓе, решив да се пензионирам. Им благодарам на сите за спомените. Еве слика од мене и мојата мајка во Лас Вегас по една од моите светски титули“, напиша Мекгрегор.

Колку не се сериозни тврдењата на Мекгрегор покажува и едно негово видео од пред неколку дена на кое тренира напорно, а неодамна кажа дека сака да се бори наскоро и во рингот, како и дека договорил борба со Андерсон Силва.