Мекинро зачуден: Надал во текот на цел меч со Ѓоковиќ не почитувал едно правило?


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ не успеа да го мине четвртфиналето на Ролан Гарос, откако загуби од Рафаел Надал со 2-6, 6-4, 2-6 и 6-7.

Ова беше 59. дуел меѓу тенисерите, а на крајот шпанскиот тенисер ја запиша 29. победа и избори полуфинале на турнирот.

Легендарниот тенисер Џо Мекинро беше коментатор на „Еуроспорт“, а притоа кажа дека Надал се однесува чудно за време на неговиот сервис.

Потоа констатираше дека Шпанецот го крши правилото за 15 секунди пред секој сервис, односно секогаш му треба повеќе време за да сервира.

„Зарем не би требало да имаат 15 секунди за вториот сервис? 10, нешто? Еве, судијата нека ви каже. Надал тоа го игнорира“, кажа Мекинро.