Мексиканецот беше блиску до Барса, но една повреда го ’покоси’: Сè би било поинаку …


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мексиканскиот дефанзивец Хектор Морено се потсети на летото во 2014. година кога беше на работ на потпис за Барселона.

Морено во тоа време играше за Еспањол. Имаше неколку одлични сезони зад себе и пред Светското првенство во Бразил, многу великани, меѓу кои и Манчестер јунајтед и Тотенхем, се распрашуваа за неговите услуги.

Иако можеше да го смени клубот пред Светското првенство, тој реши прво да го игра Мундијалот и подоцна се покажа дека е грешка затоа што по повредата пропаднаа сите опции.

„Работите сигурно ќе беа различни ако не беше повредата затоа што не преговарав само со Барселона. Имав шанса да потпишам пред Мундијалот“, изјави тој за ТУДН, додавајќи:

„Дури и по повредата имав можност да потпишам за друг клуб, и ги имав истите услови пред повредата. Сепак, не мислев дека сум подготвен да си заминам, тоа беше комплицирано. Но, сепак не би променил ништо“.

Морено ја скрши ногата за време на натпреварот од осмина финалето на Светското првенство во Бразил, во кој Мексико загуби од Холандија со 2:1. Тоа беше тежок период за него.

“Се чувствував навистина добро во тоа време во сите аспекти на фудбалот. Моите соиграчи ми помогнаа да се издвојам уште повеќе. Сепак, она што се случи, се случи. Беше тешко, морав да го ставам животот во пауза”, се сеќава Морено.

Тој го напушти Еспањол следното лето и потпиша за ПСВ. Подоцна дојде во Рома, но тој не играше и брзо се врати во Ла Лига, поточно Реал Сосиедад, а денес е член на катарскиот Ал Гараф.

Интересно е што тој одигра дури 104 натпревари за репрезентацијата.