Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот бразилски фудбалер Фелипе Мело имаше коментар за случаите на неговите сонародници Робињо и Дани Алвеш.
Двајцата фудбалери беа осудени поради силување. Робињо доби затворска казна од девет ипол години поради групно силување на 22-годишна девојка во Милано, додека Алвеш четири ипол години затвор поради силување на девојка во ноќен клуб во Барселона.
„Никој нема право да зборува за оваа тема, но немам проблем да дадам коментар. Имам 15-годишна ќерка, ова да ѝ се случеше, сега не би бил тука за да го дадам ова интервју. Луѓето треба да се почитуваат, без разлика од кој пол се“, кажа Мело.