Мелоун ептен го налути Јокиќ: Србинот почнал да го пцуе пред соиграчите!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Денвер нагетс, Мајк Мелоун пред првиот заеднички тренинг им пуштил на кошаркарите неколку најдобри моменти и потези на новиот член на тимот, Факундо Кампацо, но тоа не му се допаднало на Никола Јокиќ.

Јокиќ почнал да го пцуе тренерот сред најдобрите моменти, зашто Мелоун го посрамоти српскиот репрезентативец на Светското првенство, кога Аргентина успеа да ја исфрли Србија од четвртфинале.

Стратегот на Денвер смета дека сега во составот ги има најдобрите асистенти во лигата, Јокиќ и Кампацо, па смета дека нема да има проблеми.

„Конечно дојдов тука и среќен сум во овој момент. Се чувствувам како мало дете. Ова е сон, но ќе продолжам да работам и да се борам, нема да биде лесно“, кажа Кампацо.