Менаџерите слетаа во Париз, позната е желбата на Леонардо за замена на Мбапе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ не ги прифаќаше понудите од Реал Мадрид за Килијан Мбапе, но очигледно ќе мора да попушти и да го продаде Французинот, а веќе се работи и на негова замена.

Се шпекулира дека за околу 170 милиони евра плус бонуси би можел да биде договорен трансферот, а Леонардо веќе пронајде замена за Мбапе и тоа е Ришарлисон.

Менаџерите на Ришарлисон пристигнале во Париз на преговори, а Евертон се плаши дека нема да може да го задржи Бразилецот, кој во три сезони постигна повеќе од 40 голови за тимот.

Ришарлисон го помина летото со Бразил, најпрво на Копа Америка, а потоа и на Олимписките игри каде што освои златен медал.

Бразилецот не сака да пропушти можност да игра со Меси и Нејмар, но последниот збор го има Евертон.