Менаџерот на Марадона откри како ја повредил главата: Ако го сакате – молете се за него!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинските медиуми вчера објавија дека Диего Марадона завршил во болница и дека состојбата е посериозна од што се очекуваше.

Марадона имал крварење во мозокот и поради тоа беше извршена операција, по која Марадона се разбудил.

По целата драма се јави и неговиот менаџер и еден од најдобри пријатели Стефано, кој потврди дека Марадона морал навистина да оди на операција.

„Се удри со глава и тоа не го дозна бидејќи пиеше апчиња. Мора да операција зашто прегледите покажаа дека има хематом на мозокот предизвикан од тој удар. Докторите велат дека не е итна операцијата, но мора да се направи. Беше луден во последно време и депресивен. Телото реагираше на начинот на живот кој го води“, кажа неговиот менаџер.