Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кабиб Нурмагомедов ќе ја одбие шансата за реванш со Конор Мегрегор, а ќе одбие и натпревар со Тони Фергусон само за дасе соочи со Џорџ Сент Пјер во неговата следна борба.
Дагестанецот го победи Дастин Поириер во Абу Даби пред една недела, а неговиот менаџер Али Абделазиз веднаш го најави неговиот следенпротивник.
Абделазиз посочи дека не планираат да се соочат со Мекгрегор повторно, по борбата која во 2018 година предизвика бура од реакции.
„Никој несе грижи што велиТони. Колку што знам следен противник на Кабиб ќе биде Џорџ Сент Пјер, не Тони. Тоа и го посакувам. Тони нема да го добие тоа што го сака, ние го добиваме она што Кабиб го сака, а ако Кабиб ми се јави и ми рече дека за противник го сака ЏСП, тогаш ЏСП ќе му биде противник. Џорџ ми е пријател 10 години и знам дека тој сака да се бори со Кабиб. Тони Фергусон доби многу борци, но тој не е вистински шампион“ –истакна Али Абделазиз, а потоа потврди дека нема шанси да има реванш со Конор Мекгрегор.
„Конор е како екс девојка, не може да добие никого. Не е добра личност, возот одамна му заминал…Не сакам да зборуваме за Конор. Кој се грижи за него? Веќе го добивме еднаш, му го искршивме задникот…Тој се однесуваше грдо, и единствено што може да прави тој е да промовира такви, неубави работи. Не сакаме да поминуваме повторно низ неговите сра**. Затоа шансите за реванш се 0%“ –заврши Абделазиз.