Мендеш му нуди интересно засилување на Реал Мадрид


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Реал Мадрид летово ќе се засилува на неколку позиции со цел да се врати во трката за титулата во Ла Лига, која ја загуби оваа сезона.

„Дефенса Сентрал“ објави дека менаџерот Жорж Мендеш на Реал Мадрид му го понудил Жоао Кансело кој во моментов е на позајмица во Баерн Минхен.

Кансело беше важен фудбалер за Манчестер сити пред почетокот на оваа сезона, кога тренерот Пеп Гвардиола реши да го „избрка“ од клубот.

Се шпекулира дека Кансело би можел да се пресели во Мадрид на позајмица, со опција Реал да го откупи неговиот договор доколку е задоволен од неговите настапи.