Мендеш продава двајца „росонерите“ за да му донесе квалитетен напаѓач на Милан


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан нема доволно пари за големи засилувања летово, па поради тоа многу работи зависат од агентот Жорж Мендеш, односно неговите способности.

Суперагентот се обидува да изведе тројна операција, односно да го продаде Силва на Монако за 30 милиони евра, како и Патрик Кутроне за 25 милиони.

Тоа ќе отвори можност за Милан да го ангажира Анхел Кореа, чија цена е 40 милиони, а притоа ќе останат пари за да се засили одбраната, во која тренерот Марко Џанпаоло нема многу избор.

Дејан Ловрен е прескап за нив, па се споменува и Настасиќ, но „росонерите“ би морале да купуваат и некои други фудбалери.

Постои можност да замине и Сусо, а тоа значи напад на Прает од Сампдорија.