Менди го тужи Манчестер сити и бара – 10 милиони фунти!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер сити, Бенџамин Менди си ги бара платите од септември 2021 година, односно околу 10 милиони фунти.

Менди стана најскапиот дефанзивец во Премиерлигата откако пристигна до Монако во 2017 година за 53 милиони фунти.

Неговата авантура во Сити заврши во август 2021 година кога беше обвинет за силување и неколку месеци заврши зад решетки.

Французинот потоа беше прогласен за невин, па поради тоа реши да си ги побара неисплатените плати од „граѓаните“.