Мение го одби Мурињо и се согласи на четиригодишен договор со гигант од Германија


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Скај Германија“ потврди дека Томас Мение се согласил да се приклучи на тимот на Борусија Дортмунд со кој пуштил рака за четиригодишен договор.

Белгискиот интернационалец како слободен агент ќе се пресели на „Сигнал Идуна Парк“ откако неговиот договор со ПСЖ дојде до самиот крај.

Мение нема да игра за ПСЖ во останатиот дел од Лигата на шампионите во кој францускиот тим ќе настапува во месец август.

За Белгиецот имаше огромен интерес од Тотенхем кој беше посочен како негов можен следен клуб , но сега тој кариерата ќе ја продолжи во Германија.