Меншик му се „поклони“ на Ѓоковиќ: Почнав да играм тенис поради тебе, ти си најдобар во историјата!


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Чешкиот тенисер Јакуб Меншик ноќеска го освои мастерсот во Мајами, откако во финалето го победи Новак Ѓоковиќ во два сета (7:6, 7:6).

Феноменалното издание на младиот Чех против својот идол му донесе прва мастерс титула во кариерата, додека Новак ќе мора да почека на јубилејната 100-та.

„Новак, сите знаат дека ти си причината поради која сум тука. Те гледав како растев. Почнав да играм тенис поради тебе. Нема потежок предизвик за тенисерот од тоа да те победи во финалето на турнир. Ти благодарам за сè што направи за овој спорт и за секој од нас. Ти си неверојатна личност – најголемиот на сите времиња“, вели Меншик.

.