До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Опсесијата на претседателот на Ал Итихад не престанува! Анмар Ал Хајли е подготвен да ги сруши сите финансиски рекорди во историјата на спортот само за да го види Лионел Меси во жолто-црниот дрес.
Иако Аргентинецот веќе е во поодминати играчки години и ужива во Мајами, богатите Саудијци не се откажуваат. Првиот човек на Ал Итихад повторно ја шокираше светската јавност со изјавата дека парите за доведување на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња – едноставно не се пречка.
Ал Хајли јасно стави до знаење дека Меси може сам да ги избере условите, буквално како да има „бланко чек“ пред себе.
– Ако Меси прифати да потпише за Ал Итихад, ќе му понудам договор во кој може да заработи која сума сака, и тоа на временски период кој тој го сака, па дури и доживотно – изјави претседателот на саудискиот клуб.
Ова не е прв пат Ал Итихад да го „опипува пулсот“ на аргентинскиот магионичар. Ал Хајли ги потврди гласините дека во 2023 година, кога Меси заминуваше од ПСЖ, на масата била понуда од која се врти глава – неверојатни 1,4 милијарди евра!
















