Меси ја зеде топката на центарот, издрибла пет противници и го матира голманот (Видео)


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер Мајами во рамките на натпреварот во МЛС гостуваа кај Монтреал и остварија победа од 4:1. Два гола на овој натпревар постигна Лео Меси, а јасно е дека вториот, за 4:1, беше посебно добар.

Да започнеме редоследно. Домаќините први дојдоа до водство, и тоа веќе во 2. минута кога Овусу постигна гол.

Интер Мајами изедначи во 33. минута преку Алиенде, а асистенција запиша Лионел Меси.

Седум минути подоцна, Меси првпат на овој натпревар се запиша во листата на стрелците и го направи пресвртот и водството за својот тим.

Тимот на Интер Мајами го постигна третиот гол во 60. минута. Овој пат, асистент беше Алиенде, а гол постигна Сеговиа.

Конечниот резултат го постави Лео Меси со феноменален гол во 62. минута од натпреварот.

Со овој гол, Меси ги потсети сите на она што некогаш го правеше во дресот на Барселона и поради што стана еден од најдобрите, ако не и најдобрите во светот.

Меси ја зеде топката на центарот од теренот, ги предрибла петте фудбалери од противничкиот тим и постигна гол.

.