Меси безобразно го гаѓаше судијата, мораше да добие црвен картон! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона синоќа ја продолжи очајната форма во шпанската Ла Лига и сега не знае за победа на четири натпревари во шпанскиот шампионат.

Каталонците синоќа освоија само бод против Алавес (1-1). Тие разочараа со нивниот настап, а Лионел Меси беше ептен нервозен.

Во еден момент се побуни поради една одлука на судијата Алехандро Ернандез, па го гаѓаше со топка и на крајот заработи само жолкт картон, иако многумина сметаат дека требало да биде исклучен.

„Меси мораше да биде исклучен дури и ако топката не го погоди судијата. Со својот потег покажа дека сака да го исплаши судијата и заработи директен црвен картон“, вели експертот Андухар Оливер.