Меси даде пет гола, но еден од нив ептен ги налути Естонците! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина во пријателски натпревар ја совлада Естонија со 5-0, а сите голови ги постигна Лионел Меси, кој ја почна серијата во деветтата минута, па продолжи во 45, 47, 71 и 76. минута.

Сепак, еден гол ептен ги налути Естонците, а станува збор за четвртиот во 71. минута, кога аргентински фудбалер по контакт со противник остана да лежи на тревникот, а Естонците запреа, но не и Меси.

Естонците се обидоа да го запрат дури кога влезе во казнениот простор, но беше доцна затоа што Меси постигна погодок.

Навивачите на социјаните мрежи го критикуваа Меси поради неговиот потег затоа што ја искористил повредата на неговиот колега за да постигне погодок.