Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лионел Меси не чекаше долго и веднаш си пронајде нов клуб, односно потпиша договор со ПСЖ, каде што ќе игра во следните две сезони.
Меси го напушти тимот на Барселона во четвртокот затоа што не можеше да потпише нов договор поради правилата на Ла Лига, а тоа ги растажи навивачите.
Едно младо девојче испрати тажно писмо до Меси затоа што нејзиниот татко, кој е навивач на Барселона решил да ја исклучи кабелската телевизија и така девојчето не може повеќе да гледа цртани.
„Мојот татко зема посебен пакет за да ја гледа Барселона и Меси, ама ти си замина и немаше потреба за такво нешто. Кажа дека не му треба пакетот. Зошто мораше да си заминеш!? Сега не можам да ги гледам моите цртани филмови“, напиша девојчето.