Меси доби закана за ќотек од боксер: Моли се на Бог да не те најдам! (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентина по поразот од Саудиска Арабија (1-2) успеа да се врати во живот откако Лионел Меси и неговите колеги го совладаа Мексико со 2-0.

По мечот фудбалерите на Аргентина славеа со песна во соблекувалната и беа објавени неколку снимки на интернет, а на едно од нив се гледа Меси.

Меси на видеото го гази дресот на Мексико, а тоа ги налути Мексиканците меѓу кои и боксерот Канело Алварез.

„Видов како Меси го чистеше подот со нашиот дрес и знаме. Треба да се моли на Бог да не го најдам. Јас ја почитувам Аргентина, треба и тој да го почитува Мексико“, кажа Канело.